Автобусите кои пристигнаа со налепници со “комични“ информации за патниците во внатрешниот дел на автобусите на кои преводот на македонски и на албански јазик, ќе бидат сменети.
Изготвени се нови налепници, кои ќе бидат заменети пред пуштањето во употреба на шесте еколошки автобуси.
Возилата пред два дена се вклучија во сообраќај со неразбирливи налепници, што предизвика потсмешливи коментари меѓу граѓаните.
На пример, наместо во „случај на итна ситуација скршете го стаклото“, преводот на налепницата беше „во случај на итна кршина чаша“.
И покрај тоа што ЈСП навреме ги добило новите налепници, не успеало на еден од шесте автобуси навреме да ја исправи грешката.
Дека новите налепници се навреме доставени до претпријатието потврда добивме од Министерството за животна средина и просторно планирање, дознава Слободен печат..
Оттаму велат дека по пристигнувањето на автобусите било увидено дека од страна на производителот се аплицирани налепници со јазични грешки, по што веднаш се изработени нови со цел да се обезбеди усогласеност со јазичните стандарди на македонски и албански јазик и прецизна комуникација на информациите кон јавноста.
Од ЈСП и овој случај си го премолчеа, а со своето неефикасно постапување уште еднаш дозволија јавноста да им се потсмева. Затоа што навистина е нејасно како е можно да се пропушти еден автобус, кога се работи само за шест во кои требаше да се сменат налепници.
А да добиеја како донација 100 автобуси? Колку време ќе им требаше да ги пуштат во сообраќај без грешки? Тешко е и да се претпостави, коментира СП.
Со смешни натписи – пуштени во употреба 6-те автобуси донација од ЕУ
 
             
		






