ЈСП има гориво за уште два дена

 

Автобусите на јавниот превоз сè уште работат на гориво позајмено од државните резерви.



Граѓаните се загрижени дека повеќе нема да имаат јавен превоз доколку нема набавка.

Раководителот на Јавен транспорт потврди дека банкарската сметка на претпријатието е блокирана поради долг кон добавувачот на гориво. Но од синдикатот велат дека долгот е поради неплатени фактури за превоз на студенти и пензионери од Владата и со тие средства ќе се исплати долгот за гориво. Тие се грижат дека гориво ќе има и следните денови.

„Јавниот превоз има нафта за утре и задутре. Во вторник ќе се отвори тендерот за нафта и искрено се надевам дека ќе заврши овој наш проблем и на корисниците на јавните превозни услуги и вработените“, изјави Миќо Стојановски од Синдикатот на сообраќајните работници.

Финансиската полиција истражува два сомнителни тендери за набавка на деривати за јавен превоз, изјави за Радио Слободна Европа директорот Слободан Ивановски.

„До јавниот превоз е поднесено барање и врз основа на ова ќе провериме и анализираме и ќе видиме со каков соодветен поднесок ќе поднесеме до ОЈО Скопје, но консултации со јавниот обвинител во овој случај нема да бидат остави настрана“, изјави в.д директорот на финансиската полиција, Слободан Ивановски.

Во меѓувреме приватните превозници постигнаа договор со градските власти да се вратат на скопските улици и од денеска да се вклучат во градскиот превоз.