ЈО: Ниту еден обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани

Јавното обвинителство со одговор на новинарско прашање ја демантира ДУИ која преку соопштение тврди дека еден јавен обвинител кој бил дел од истрагата за пожарот во Кочани се повлекол.



„Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација. Обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејствија“, велат од Јавното обвинителство.

Оттаму појаснуваат дека од истрагата не се повлекол ниту обвинител што е дел од тимот на кочанското јавно обвинителство ниту обвинител од обвинителството за борба против организиран криминал и корупција кое ја води истрагата само за осомничените полицајци.

Демократската унија за интеграција денеска преку соопштение кажа дека „аларм за целото општество се информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од предметот се повлекол, поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата“.