Скопското јавно обвинителство смета дека во гласањето на Законот за употреба на јазиците, кој е спротивен на Уставот, нема кривично дело, па врз основа на тоа нема ниту база за почнување на истрага.
Ваков одговор од ЈО ѝ стигна на организацијата Семакедонски Национален Совет – Македониум, која чекаше објаснување на својата преставка за „утврдување на кривична одговорност на пратениците во Собранието на Република Македонија кои гласаа за законски акти – спротивни на Уставот на Република Македонија“.
Во оговорот од ЈО се вели: Нема основ за јавнообвинителско постапување, во врска со кривичната пријава поднесена до ЈО, од ваша страна против пратеници од Собранието на Република Македонија, бидејќи пријавеното дело не е кривично дело за кое се гони по службена должност.
Претседателот на „Македониумот“, Страшко Олумчев, порача дека ова нема да ги обесхрабри и дека „борбата за одбрана на националните и државни интереси на Македонија продолжува“.





