“Граѓаните на Република Македонија отидоа предалеку во кражбата и создавањето на историјата. Тие се откажаа од своите бугарски корени, кои се докажани во минатото. Сега отидоа да ја крадат далечната античка историја, која е јасно дека не е нивна“, посочи во студиото на „Бугарија наутро“, Александар Јорданов, поранешен амбасадор на Бугарија во Скопје.
„Националната чувство на секој народ се крие во неговата потсвест. Меѓутоа, кога тоа се издигне масовно во свеста на општеството и кога ќе се политизира, секогаш следат настани со трагичен завршеток. Балканот се чист доказ за тоа“, рекол Јорданов како што пренесе Днес.бг.
Изјавата на екс амбасадорот на Бугарија во Скопје дојде еден ден по големиот протестен митинг што се одржа во Атина.
Гостин во студиото беше и универзитетски професор и преведувач Иоаким Каламарис, роден во Грција но школуван во Бугарија каде што и сега работи.
“Не барам политички грешки и пропусти, но не гледам каква е смислата н барањето за (одржување) референдум на македонскиот премиер Зоран Заев, пред сè, тој мора да го признае сопственото потекло”, рече Каламарис.

Преку „Скајп“ во разговор во студиото се вклучил и социологот и професор на Атинскиот универзитет проф. Јоргос Плиос (кој говори бугарски) и кој смета дека дека митингот во Грција вчера се претвори во значаен политички настан.
„Не е редно да коментираме кој е помалку или повеќе патриот. Прашањето што сега се поставува е дали Грција ќе се согласи за името на Македонија, за да не создава пречки за влезот на земјата во НАТО“, рекол професорот Плиос.





