57. годишникот од Шонау е на праг да биде запаметен како еден од најуспешните предводници на многу поуспешната германска фудбалска селекција. Лев ги предводеше “панцирите” до триумф со Камерун (3-1) на Купот на Конфедарциите кој овозможува полуфинале против Месико што за него лично е еден преубав јубилеј од 100 победи и тоа во многу малку, во вкупно 150 средби.



Јоаким Лев дојде на чело на четирикратниот Светски првак во 2006. година кога го наследи Јирген Клинсман и во однос на него, па и на претходникот на Клинсман, Руди Фелер е далеку поуспешен иако тие беа класа фудбалери за некогашниот член на Фрајбург, Ајнтрахт и Штутгарт. Лев во овие 11 години на чело на Германија покрај стоте победи има 27 нерешени и 23 порази, но тоа што е интересно е што поголемиот дел од поразите (13) се во пријателски натпревари и дека во официјални дуели губи помалку од еднаш во годината. Со оглед на тоа дека Лев веќе има една мундијалска титула (2010 година) и дека во преостанатите големи натпреварувања како Европски и Светски шампионати никогаш, во петте случаи не испаднат пред полуфиналето, таа бројка и не треба да чуди.