Ја признавме Македонија уважувајќи го правото на другите народи да се самоопределат, вели тогашниот бугарски премиер Димитров

Филип Димитров, премиер на Бугарија во периодот 1991-1992 година, во чиј мандат неговата земја на 15 јануари 1991 година прва ја призна независноста на Република Македонија, објаснува зошто неговата Влада го презела тој чекор.



„Признавањето на Македонија беше дел од стратешката цел на Бугарија да се запише во светот – како модерна, европска држава, која го уважува правото на другите народи да се самоопределат. Покажавме дека можеме да манифестираме разбирање, без да заборавиме што претставува нашата историја“, изјави тој за бугарската Нова ТВ.

Некогашниот политичар нагласува дека тој државнички чин не бил прашање само на геополитика, туку и на личен став, со оглед на тоа дека неговите корени се од Македонија.

„Ако моите братучеди се чувствуваат на еден начин, тоа е нивно право. Но, тоа не значи дека мојот дедо не се борел за ослободувањето на Бугарија“, вели Димитров.