Јајца, шеќер, непочит … Дурловски го откри рецептот за дебаклот на СДСМ

Славниот оперски пејач ја коментира фотографијата на СДСМ на која се гледа што функционерите на оваа партија им даваат на граѓаните обидувајќи се да ги натераат да гласаат за нив.



Игор Дурловски смета дека ваквиот потценувачки пристап на СДСМ може да доведе само до дебакл.

,,Рецепт за дебакл на избори:
10 јајца, маичка од СДС, 1кг шеќер зачинето со непочит кон сопствениот народ”, пишува Дурловски.

Според првиот круг од претседателските избори СДСМ се соочува со катастрофа на парламентарните и вториот круг од изборите за претседател.