Јасминка Аневска сеуште размислува дали да биде првата жена портпарол на владата

Новинарката на Телма Јасминка Аневска сеуште размислува дали да биде портпарол на новата влада.



Таа во објава на социјалната мрежа Фејсбук попладнево објавила дека има понуда од владата за една од двете портпаролски места и за истата ќе размисли.

„По сите споменувања на моето име денеска, еве да одговорам: имам понуда од владата за една од двете портпаролски места и понудата ќе ја разгледам“, напишала на фејсбук Аневска која што сеуште е уредник на вести во телевизијата Телма.

Аневска во објавата му честита на колегата Миле Бошњаковски кој што денеска од владата е именуван за портпарол. Според Аневска тој ја пополнил едната портпаролска позиција а таа сеуште размислува за втората.

Вчера expres.mk цитираше опозициски медиуми кои што тврдеа дека Аневска е кандидат за прва жена портпарол на македонската влада а денеска порталите Макфакс.мк и плусинфо.мк објавија дека Аневска ќе биде портпарол на владата.