Јаревски: Македонија се ресетира системски и се прегледува сета законска регулатива, за да се подобри со нови решенија!

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа се осврна на законското обновување и системското ресетирање на Македонија, за менувањето на законот за јавен ред и мир, воведувањето на драконски казни за присуството на малолетниците во локалите, како и забраната за пиротехника во затворени простори.



„Еден од нив е и измените и дополнувањата на Законот за прекршоците за јавниот ред и мир: има повеќе измени, кои би требало да нѐ осигураат дека вакви работи не би можеле повторно да се случат, првично е забраната за користење на пиротехнички средства во затворени простории. Има серија измени на глобите за такви опасности, кои можат да се случат, проширен е опсегот на прекршоци, кои се основа за постапување по законот. Зголемени се и проширени се надлежностите на полицијата.“ – објасни Јаревски.

Во врска со зголемувањето на казните за присуството на малолетници Јаревски додаде дека измените на овој закон посебно ќе важат за сопствениците на локалите и клубовите како и за службите во состав на локалите, кои се задолжени за спроведување на соодветните проверки. „Ги открива малолетниците, кои ќе бидат отстранети од објектот. Но поголема одговорност имаат сопствениците на објектите и службите во рамките на организацијата на локалите, коишто навистина треба доследно да си ја вршат својата работата и да ги направат соодветните проверки.“ – рече пратеникот Јаревски.

Тој истакна дека законот ќе претрпи измени, кои ќе наложат соодветните проверки да се извршуваат на секои шест месеци. Јаревски појасни дека Министерството за транспорт уредно ја спровело својата работа, со тоа што за краток период биле извршени соодветни проверки и биле одземени 480 лиценци. Со засилена работа за еден викенд Министерството за транспорт успеа да утврди  нерегуларности и потреба да се одземат дури 480 лиценци, Се подготвуваат законски  измени, со кои проверките, што претходно не беа временски ограничени, сега ќе треба да се прават секои 6 месеци.“ – укажа Јаревски.

Според него, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период работела на изнаоѓање добри и соодветни законски решенија. „Се работи на сите полиња, се прегледува целокупната регулатива, се уврдуваат потреби и се реагира веднаш. Ќе имаме добри законски решенија: речиси сите од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ работеа на различни решенија. Имавме плоден и динамичен ден, многу решенија беа поминати, беа образложени и очекувам оваа динамика да продолжи со исто темпо.“ – рече Јаревски.