Јапонија: Намерно го кршат законот за да завршат во затвор

Осаменоста и сиромаштијата на старите лица во Јапонија доведоа до необичен тренд – многу постари жени намерно го кршат законот за да завршат во затвор, каде што наоѓаат стабилност, основна грижа и дружење, јавува Си-Ен-Ен.



Во најголемиот јапонски женски затвор, Точиги, 20 отсто од затвореничките се постари. Затворот се повеќе се прилагодува на потребите на постарата популација, вклучително и помош за капење, хранење и медицинска нега.

Некои жени велат дека би платиле дури и месечна „претплата“ за да можат да останат тука засекогаш.

„Има луѓе кои велат дека би платиле 20.000 или 30.000 јени (130-190 долари) месечно (ако можат) за да живеат тука засекогаш“, дознаваат новинарите на Си-Ен-Ен на кои им беше дадена ретка можност да го посетат затворот минатата година .

Вработените им помагаат да се капат, да јадат, да се движат и да ги земаат лековите.

Според јапонската влада, кражбата е најчестиот криминал меѓу постарите затвореници.

Повеќе од 80 отсто од постарите жени во затворите во 2022 година биле осудени за кражба.

Причините вклучуваат сиромаштија – 20 проценти од постарите од 65 години во Јапонија живеат под прагот на сиромаштија во изолација и и со недостаток на поддршка.

Затворските чувари сведочат дека многу жени се враќаат во затвор бидејќи немаат каде да одат, немаат средства за живот или имаат потреба од медицинска нега што не можат да си ја дозволат надвор од затворот.