Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека очекува сигурна победа на престојните избори, но и дека нема потреба ВМРО-ДПМНЕ да размислува за коалиција со ДУИ.
„Како што стојат работите, немаме потреба да рзмислуваме на коалиција“ , рече синоќа ој во гостување на ТВ21 .
„Она што го правевме во изминатите неколку години, она што сега се случува, воопшто не остава простор да зборуваме кој ќе биде победникот на следните избори.
СДСМ мора да се храбри за да не згаснат како партија.
Но, сето она што го гледаме, едноставно прошетајте се по центарот на скопје, или по чаршијата во Прилеп или отидете во Старата чаршија прашајте кого сакате, истото ќе ви го кажат, и тоа е резултат на сосема погрешно владеење кое го имавме во изминатите осум – девет години. Не гледам причина зошто да размислувам на таква варијанта, иако во политиката се е можно“, рече Јанушев.






