Јанкулоска со поддршка за Силјановска-Давкова: Македонија мора да собере сила да биде подобра држава!

(ФБ статус на Гордана Јанкулоска)



Поддршка за мојата професорка, затоа што докажа дека жената истовремено може да биде добра мајка, посветена сопруга и експерт во својата професија – сочуствителна но истовремено храбра, достоинствена и принципиелна!

Овој народ, оваа Македонија мора да собере сила да биде подобра држава!

Никогаш не било полошо, но мора да се бориме! Јас и сите како мене што без оглед на цената што ја плаќаме никогаш не побаравме друга опција освен МАКЕДОНИЈА, ќе продолжиме да се бориме за нормален живот на нашите деца овде – во Македонија!