Јанкуловски: Државата ја положивме на компромис, името Македонија, историјата, па дури и идентитетот го жртвувавме за беден компромис!

„Во Македонија целиот живот е положен на компромиси. Државата ја положивме на компромис, името, историјата, па дури и идентитетот го жртвувавме за беден компромис.“ – нагласува професорот д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Бескомпромисен компромис“, која ја објави информативната агенција Нетпрес.



Натаму, покрај другото Јанкуловски пишува: Така е тоа кога низ годините нѐ научија дека е толку лесно да ги компромитираме нашите вредности и принципи, што се чинеше како најдобар начин да го зачуваме нашето место и влијание во свет кој не покажува милост, или толеранција кон оние кои не се усогласени со мејнстрим верувањата на денот. Затоа не научија да бидеме приспособливи. Бидете подготвени да ги прилагодите вашите очекувања и барања. Прифатете дека не можете да имате се’ точно како што сакате.

Кога нашите вредности стануваат работи што ги одредуваат други луѓе или доминантната политика на времето во кое живееме, ја губиме моќта да бидеме верни на тоа кои навистина сме. Тоа е цената на компромисите што ги правиме во животот. Со компромисот ги убиваме нашите соништа и надежи, ако воопшто некој може да ги има во ваква држава.

Целата колумна тука