„Ако вие имате (…)еден куп безбедносни служби и покрај тоа имате висока корупција, јас повеќе би рекол дека таа работа е готово невозможна затоа што работата на секој функционер, на секој службеник, подлежи на секојдневни проверки од институции над нас“, рече кандидатоит за претседател на државата Свевчо Јакимовски во гостување на Телма.

 

Тој додаде дека како градоначалник на Општина Карпош кај него секојдневно доаѓаа од МВР, инспектори, Финансова полиција, од Државен управен инспекторат, ревизии итн.



Тој смета дека системот е така поставен за да биде минимизирана корупцијата во високите кругови:

„Сигурно е дека ја има, и јас сум длабоко убеден дека тие добро знаат каде е, во кои структури на власта, во кои политички партии, меѓутоа малку им одговара да се прават наудрени, рече Јакимовски во гостувањето на Телма.

Јакимовски, кој се најде на „црната листа“ на САД, изнесе мислење дека високата корупција е приказна која ја создале западните партнери за да ја држат Македонија во „лимбо“…