„Донал Трамп има 113 кривични пријави, сценариото таму од длабоката држава е или да го оневозможи да учествува на изборите, да го стават во затвор или да го убијат. Истото сценарио се случува во Унгарија против Виктор Орбан против Вучиќ и против мене.



Ова е директно мешање во внатрешните односи на Македонија во изборот на претседател и тврдам дека не може никој да ни каже кој ќе ни ја води Македонија“, изјави синоќа градоначалникот на Карпош и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски.

Американскиот Стејт Департмент вчера ги стави на црна листа неко како и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

„Ме ставаат во ист кош со нивниот бисер и срам Катица Јанева која правеше истраги и ништо не најде за мене. Колку предлогот на кодошите од Македонија бил студиозен покажува фактот, што мртвиот маж на Катица Јанева е ставен на црната листа, може да видите колку таа одлука е паушална.

Ниту сум ранел ниту сум школувал деца со арам пари“, изјави вечерва Стевче Јакимовски.