Ѓорѓиевски: Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со конкретни мерки и парична поддршка им е партнер на општините во Македонија

„Апсолутно се реализира насекаде она, што Владата го вети, а се однесува на префрлање пари, кои ќе завршат во општините за реализација на капитални проекти. – нагласи градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски во вчерашното гостување во дебатната емисија „24 анализа“ на ТВ 24.



Ѓорѓиевски истакна дека во рамки на јавниот повик за финансирање за реализација на капитални проекти тоа апсолутно се реализира во сите општини. Тој додаде дека од првиот повик веќе во општина Кисела Вода има 3 проекти кои се во напредна фаза на реализација. „Од првиот повик јас имам 3 проекти, коишто ми се во напредна фаза на реализација: како што се завршуваат ситуациите така и навремено се исплаќаат. Ние по завршна ситуација добиваме веднаш во истиот момент пари од Владата и нема никаков застој. Во Кисела Вода од првиот повик вршиме доградба на основно училиште.“ – посочи Ѓорѓиевски.

Според него, опозицијата постојано бара начин како да го дискредитира целиот процес, кој е поврзан со реализација на проектите, но реалноста и фактите го говорат спротивното. Тој подвлече дека во секоја фаза на реализација на проектот се вршат исплати. „Опозицијата содаваше балон во јавноста дека нема пари и проекти да се потпишуваат со општините, но се потпишаа договорите. Подоцна се бараше начин како да се дискредитира целиот процес, па се отиде кон тоа многу често поставувано прашање да биде дека фирми нема да има, кои ќе одговорат на реализација на проектите. Сега се оди кон тезата дека не се пуштени парите. Не се пуштени парите, затоа што не се завршени проектите, односно во секоја фаза на реализација на проектот по завршена ситуација се вршат исплатите.“ – изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.