Ѓорческа ја „спакува“ петтата носителка за четвртфинале на турнир од 100 илјади долари во Португалија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето на турнирот на тврда подлога и со награден фонд од 100 илјади американски долари во Фигеира да Фоз, Португалија, откако во второто коло со пресврт ја елиминира петтата носителка Аријане Хартоно од Холандија.



Ѓорческа, неделава 219. на ВТА-листата во сингл, славеше над 163. женски рекет во светот со 4-6, 6-2, 6-3 по два часа и две минути игра.

Следна пречка на 29-годишната тетовка ќе ѝ биде подобрата меѓу втората носителка Ребека Марино (151.) од Канада и Медисон Инглиз (230.) од Австралија.