Лина Ѓорческа, 213. на ВТА-листата во сингл, во голем стил се пласира во четвртфиналето на тенискиот турнир во словачкиот град Трнава, кој се игра на земјена подлога и за награден фонд од 60 илјади американски долари, кадешто ѝ препушти само четири гема на првата носителка Маи Хонтама (115.) од Јапонија.
Најдобрата македонска тенисерка славеше со 6-3, 6-1 по два часа и 10 минути игра и избори дуел за полуфиналето со осмата носителка Вероника Ерјавец (176.) од Словенија утре од 11 часот.
Иако направи дури седум грешки при сервисот, 29-годишната тетовка имаше речиси двојно подобра реализација на првиот сервис од 58 проценти наспроти само 33 отсто на Јапонката, а искористи 7 од 16 брејк-топки.






