Ѓорческа во четвртфиналето на тенискиот турнир од 75 илјади долари во Марибор

Лина Ѓорческа направи уште едно изненадување на тенискиот турнир во Марибор, кој се игра на тврда подлога и за награден фонд од 75 илјади долари, изборувајќи четвртфинале со елиминацијата на четвртата носителка.



Најдобрата македонска тенисерка, 294. на ВТА-листата во сингл, го доби маратонот од 2:37 часа против Жесика Понш (153.) од Франција, славејќи со 6-4, 2-6, 7-6 (9) и утре од 10 часот за место меѓу најдобрите четири ќе се бори со Марјам Болкваѕе (216.) од Грузија.

На стартот 30-годишната тетовка ја победи Петра Марчинко (239.) од Хрватска со 6-4, 6-4.