„Одлука за напуштање на ЗЕЛС може да ја донесе Советот на општината, а не градоначалникот. До Управниот одбор на ЗЕЛС досега не е пристигнато барање или одлука за напуштање.
Мене ми е многу жал што општините кои сакаат да го напуштат, ако имале проблем, не се обратиле до ЗЕЛС за да дискутираме и да бараме решенија“, реагира претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Струмица и општина Карпош ја напуштаат ЗЕЛС
Одлуката за излез само ќе им донесе штета на општините и на граѓаните, затоа што ЗЕЛС е неполитичко тело чија цел е да ги решава нивните проблеми, изјави Ѓоргиевски за Плусинфо.
„ЗЕЛС им овозможува разни алатки на општините, како е-одобрение за градба, е-урбанизам, е-ствари, градежно земјиште итн. и со излегување од ЗЕЛС овие општини по автоматизам ќе немаат пристап до овие алатки за дигитала комуникација“, додава првиот човек на Заедницата на единиците за локална самоуправа.
Уште еднаш апелирам добро да размислат. Се надевам дека нема да дозволат политиката да се вмеша во ЗЕЛС и да се донесат одлуки на штета на општините и на нивните жители – вели претседателот на ЗЕЛС.
Во ЗЕЛС членуваат сите 80 општини во Македонија, како и Град Скопје.
Досега не се случило некоја локална самоуправа да ја напушти заедницата.






