Повеќе нема никакви дилеми, Новак Ѓоковиќ ќе учествува на Олимписките игри во Париз.
Стравуваа во Србија дека Ѓоковиќ поради повреда би можел да го пропушти тенискиот турнир во Париз кој се игра кон крајот јули и почетокот на август, но тоа нема да се случи.
Информацијата за настапот на Ѓоковиќ ја потврди Олимпискиот комитет на Србија кој имаше рок од неколку дена да ги потврди имињата на тенисерите кои ќе ги бранат боите на репрезентацијата.
Покрај Ѓоковиќ во тимот на Србија ќе биде и Душан Лајовиќ.





