Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми го доби дуелот против Рафаел Надал на Олимписките игри во Париз (2:0).
Во првиот сет, Србинот беше убедлив и го доби со 6:1.
Вториот сет почна со четири врзани гема на Ѓоковиќ, Надал се врати израмнувајќи на 4:4, но до крајот српскиот тенисер успеа да дојде до 6:4 за конечен триумф.
Сега меѓусебниот биланс на двајцата тениски великани е 31:29 за Ѓоковиќ.





