Оваа штрудла би одговарала одлично на вашата трпеза во секое годишно време, но поради тиквата како една од главните состојки, го добива префиксот „есенска“. Не одзема многу време за подготовка, а резултатот е многу вкусен.
Состојки:
-500 гр. кори
-100 гр. масло
– 1 кг. тиква
– 1 цимет
– 150 гр. шеќер

Подготовка:
Најпрвин исчистете ја тиквата, а потоа изрендајте ја на крупната страна од рендето. Корите се редат по четири со тоа што секоја кора се попрскува со зејтин, а на четвртата кора се става од свежата тиква.
Ренданата тиква се реди на крајниот дел од корите, а преку неа се насолуваат две големи лажици шеќер, ванила и цимет по желба. Корите се виткаат во ролна и така свитканата ролна се става во предходно подмачкана тава со малку зејтин. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите сите кори.

Пред печење, штрудлите се сечат на парчиња по желба а потоа се пече во предходно загреана рерна на 200°C. Испечената штрудла се посипува со шеќер во прав.





