Францускиот претседател Емануел Макрон планирал обраќање до граѓаните денеска, 5 декември, пишува Le Parisien, повикувајќи се на Елисејската палата.
„Емануел Макрон ќе им се обрати на Французите во четврток во 20:00 часот“, открива весникот.
Обраќањето доаѓа по падот на владата на Мишел Барние и ќор-сокакот за донесување на буџетот за 2025 година.
Националното собрание на Франција вчера гласаше за доверба на владата. Иницијативата на левичарскиот Нов народен фронт (ННП) беше поддржана од 331 пратеник.
За гласањето беше потребна поддршка од најмалку 288 од вкупно 577 пратеници на Националното собрание.
Франција влесе во длабока политичка несигурност откако пратениците гласаа за смена на премиерот Мишел Барние и неговата влада.
Францускиот претседател Емануел Макрон мора да одлучи што да прави. Според негови блиски извори, можно е тој брзо да назначи нов премиер, уште пред свеченото отворање на катедралата Нотр Дам, на кое треба да присуствува и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Сепак, секој нов премиер ќе се соочи со истите предизвици како Барние во обидот да донесе закон, вклучително и буџет за 2025 година, во парламентот кој сè уште е поделен. Нови парламентарни избори не се можни пред јули.
Една од опциите за Макрон е да попушти пред барањата на крајната десница за буџет што ќе му овозможи да назначи премиер за да формира влада и да донесе буџет пред крајот на годината.
Но, тоа би значело напуштање на целта за намалување на буџетскиот дефицит.
Алтернативно, Макрон би можел да побара од Барние да остане на чело на привремената техничка влада за да ги извршува секојдневните операции и да купува време за да најде премиер со доволна меѓупартиска поддршка.
Техничкта влада би можела да предложи закони за итни случаи за да се заобиколат ограничувањата за трошење и даночните одредби од 2024 година.
Од друга страна, Макрон може да се обиде да донесе буџет за 2025 година. со декрет, иако тоа би било правно сомнително и би можело да предизвика дополнителни политички турбуленции.
Ризикот за Макрон е дека неговите политички противници ќе продолжат да гласаат против кој било нов премиер до веројатните нови парламентарни избори.
Неговите противници, исто така, велат дека единствениот значаен начин да се стави крај на политичката криза е тој да поднесе оставка, но Макрон инсистираше на тоа дека ќе го заврши својот мандат во 2027 година.





