Што се случува во Охрид – премногу агресивни граѓани по 1 Мај

Според информациите кои ги лиферува портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски по 1 Мај во овој регион се забележани дури 5 случаи на агресивно однесување на граѓани по кои постапувала.



Во три од случаите се работи за семејно насилство, во еден случај се нападнати полициски службеници а во еден нападнат е сосед.

На 02.05.2025 година во 23.40 часот, на улицата „Крали Марко“ во Охрид, лишен од слобода е А.Т.(40) од Охрид, кој претходно, во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга и трите малолетни деца. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 130 од Кривичниот законик „Телесна повреда“.

На 03.05.2025 година во 22.10 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Охрид, лишен од слобода е Г.Ц.(44) од селото Подмољје, општина Дебрца кој претходно, во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга и двете малолетни деца. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.05.2025 година во 11.05 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија С.Д.(65) од Кавадарци. Тој, во службени простории на Основниот суд во Охрид, бил агресивен кон припадници на судската полиција по што и физички ги нападнал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.05.2025 година во 13.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека Д.А.Б. од Охрид, била агресивна кон нејзиниот сопруг по што извршила оштетување во работилницата каде тој работел. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело Загрозување на сигурноста“, согласно член 144 од Кривичниот законик.

На 02.05.2025 година во 21.20 часот, во ОВР Струга приведен е Н.Ч.(42) од Струга кој претходно, на улицата „Димитар Влахов“ во Струга го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон неговиот сосед. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, објави портпаролот Димоски.

Сите инциденти се случиле во рок од 24 часа.