Од средината на април задолжителна објава на цените на интернет страна. Маркетите добија 45 дена за подготовка, а граѓаните ќе изберат каде ќе ги трошат парите, односно онаму каде што им е најевтино. Ова го изјави министерот за економија и труд, и најави дека инспекцијата постојано е на терен.
Во меѓувреме, согласно измените на Законот за заштита на потрошувачите, почнувајќи од средината на април, трговците ќе имаат задолжителна обврска да ги објавуваат цените на сите производи на своите интернет страници.

Бесар Дурмиши потсети и на донесените владини одлуки, со кои се замрзнаа бруто маржите на 102 групи на основни производи.
- „Вреди да се нагласи дека овој закон ќе стапи на сила само за трговците на мало, средни и големо. Со исклучок на микро-трговците и трговци поединци, односно маалските продавници. Казните кои ќе се движат за сите оние трговци кои нема да ја почитуваат оваа одлука се од 500 до 10.000 евра, вклучувајќи го и затворањето на маркетите на 15 дена“, рече Бесар Дурмиши – министер за економија.
Дурмиши очекува дека со замрзнатите маржи, производите ќе имаат пониски цени до 10%.

Ваквата мерка ќе донесе до раст на конкурентноста меѓу трговците, и намалување на цените на производите. Потрошувачите ќе бидат информирани за тоа кој производ колку чини кај кој трговец.
Инспекцијата е на терен и постапува по владината Одлука, а до крајот на неделава ќе се контролираат 1.000 трговски субјекти низ државата. Секој кој оди контра Законот, ќе плати казна од 500 до 10.000 евра, па и до затворање на маркетите до 30 дена.
Овие две мерки ќе траат до 30 април, а со одлуката за замрзнување на бруто профитна маржа на големо и мало со 5% се опфатени 8 прехранбени производи, со 10% се опфатени 55 производи, а со 15% уште 39 прехранбени производи.





