Селекторот на ракометарите Раул Гонзалес вчера не откри што му шепна на капитенот Кире Лазаров за време на последниот тајм-аут на мечот со Германија.
Откако предходно Лазаров предложи во случај да нема прекршок во писледниот напад тој да му ја додаде топката на Талевски за цепелин, Гонзалез вели дека сите знаат за таа опција, му приоѓа му шепнува нешто на капитенот.
По кратката порака од Гонзалез Лазаров погледнува кон камерата и се согласува со “Ел Команданте”.
Едно од најлогичните објаснувања за содржината на кратката порака на Раул е дека тој на капитенот му посочил на камерите и микрофоните кои што во живо го пренесуваа тајм аутот.
Теоретски не е исклучено некој соработник на германската репрезентација кој разбира македонски во живо да го пренесувал планот на македонскиот стратег на клупата на Германците по што тие точно ќе знаеа како да го спречат македонскиот напад.
Останува Гонзалез во некоја следна прилика да открие што навистина му шепнал на Кире Лазаров во последниот тајм аут од драматичниот меч.
На 1 час и 50 минути од видеото од мечот можете да ја видите оваа интересна ситуација.
Линк до видеото




