Отворена новата лабораторија во Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип. Станува збор за модерен центар за истражување кој ќе помогне за стекнување практични вештини на студентите. На отворањето присуствуваше и Премиерот Христијан Мицкоски :
-Денес со особена чест го посетив Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што свечено се отвори новата лабораторија „Makerspace“, модерен центар за иновации, истражување и развој.
Оваа лабораторија не е само простор со најсовремена технологија, туку вистинска алатка за поврзување на знаењето со практиката. Таа ќе биде отворена за студентите, професорите, стартапите и претставниците на бизнис заедницата, сите оние кои ја движат Македонија напред со идеи, труд и визија.
Владата останува цврсто посветена на унапредување на образованието и на создавање услови во кои младите ќе останат, ќе создаваат и ќе напредуваат овде, дома.
„Makerspace“ е повеќе од лабораторија тоа е симбол на современо, инклузивно и прогресивно општество. Вложувањето во знаење е најсилната инвестиција во иднината, а ние ја правиме со полна верба во потенцијалот на новите генерации, порача Премиерот.





