Првиот тенисер на светот во моментов, Рафаел Надал е прогласен за најдобар спортист во историјата на Шпанија во изборот на мадридскиот спортски весник „Ас“. 35 годишниот играч роден на Мајорка по четврти пат во кариерата е на чело на АТП листата, а досега освои 75 АТП титули, од кои 16 на Грен Слем турнирите.



„Кралот на земјата“ како што го нарекуваат Рафа во 2017 година стана првиот тенисер во аналите на играта кој успеал да триумфира по јубилеен 10 пат на некој од големите турнири. А тоа му појде од рака и на Ролан Гарос, и на Мастерсите во Монте Карло и во Барселона. Покрај тоа Надал е и двократен олимписки шампион и четирикратен победник со селекцијата на Шпанија во Дејвис куп.