Прототипот е претставен на меѓународниот саем EUROSATORY што се одржува во Париз.
На престижниот саем учествуваат околу 2.000 илјади компании од целиот свет.
Аалбанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши истакна дека тоа е многу важен момент за земјата.
„На саемот EUROSATORY во Париз, беше претставен првиот прототип на албанското воено возило „Шота“. Важен момент кој го означува првото учество на Албанија на овој важен меѓународен настан и претставува големо достигнување за нашата одбранбена индустрија“ – напиша Пелеши во објавата на Фејсбук.
Според министерот возилото е опремено со напредна технологија и може да се користи во широк опсег на воени и цивилни операции, вклучувајќи транспорт на војници, спасувачки операции и безбедносни мисии, нагласувајќи дека „целта на создавањето на оваа машина е зајакнување на албанската воена индустрија“.
Прототипот на „Шота“ е дизајниран од албанскиот дизајнер Григор Андони, а произведен е во компанијата „Тимак“.
Сопственичката на компанијата, Арјета Пуца, претходно рече дека возилото било произведено за околу 3 месеци.
Оваа компанија, во која 75% од вработените се жени извезува санитетски возила во 20 земји низ светот.






