Германскиот канцелар Олаф Шолц телефонски му се јавил на рускиот претседател Владимир Путин, објавија германските медиуми.
„Шолц му се јави на Путин. Ова е прв телефонски разговор меѓу германскиот канцелар и рускиот претседател по речиси две години. Разговорот се случил по долга подготовка“, пишуваат германските медиуми.
Во едночасовниот телефонски разговор, Шолц исто така побара повлекување на руските трупи од Украина и ја потврди континуираната поддршка на Германија за Украина, изјави портпаролот на германската влада.
Повикот доаѓа кога Украина се соочува со се потешки услови на бојното поле, додека руските сили постојано напредуваат.
„Канцеларот ја повика Русија да покаже подготвеност да влезе во преговори со Украина со цел да се постигне праведен и траен мир“, се вели во соопштението на портпаролот.
„Тој ја истакна непрекинатата решеност на Германија да ја поддржува Украина во нејзината одбрана од руската агресија онолку долго колку што е потребно“, додаде портпаролот.
Шолц разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски пред неговиот разговор со Путин и потоа ќе го информира украинскиот лидер за исходот, рече портпаролот.





