Шокантно противење од невладините организации кои се занимаваат со прашањата екологија, урбанизам, просторно планирање за градење на градинки, болници, училишта, клиники, катни гаражи.
Група од невладини организации кои беа релативно мирни кога се носеше одлука за скандалозниот проект Бехтел Енка или за градба на 26катница во центарот на Скопје неколку дена водат жестока кампања против измените на Законот за урбанистичко планирање кои треба да решат огромен број проблеми на граѓаните со паркинг простор, прием на деца во градинки и училишта, подобра здравствена заштита.
Невладините признаваат дека пред носење на законот за прв пат во историјата предлагачот вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски ги поканил на комисиска средба на која добиле објаснувања и инфорамции од прав рака.
Невладнините на средбата ги искажале своите стари стравови за урбанистичките проблеми но немале конкретни забелешки за трите члена од законот за кои сега водат жестока кампања и бараат претседателката Гордана Сиљановска Давкова да не го потпише.
Нивни претставници кои сега се срамат од реакцијата а кои инсистираат на анонимност немаат одговор зошто преку своите партнери меѓу пратениците во Собранието не поднесле амандмани при гласањето за законот иако имале можност за тоа.
Во анализите што ги нудат во своите обраќања невладините немаат сериозни аргументи против законските измени и главно забелешките се дека законот се носи среде лето.
Дел од нив денеска на социјалните мрежи објавија дека за други слични закони била најавена седница на собранието за идната недела иако сите знаат дека парламентот е на летна ферија и не може да биде свикан.
Оваа несериозност дополнително ги загрижила дел од активистите кои почнуваат да се прашуваат дали зад жестокиот отпор кон законот стои само ентузијазам или има и други мотиви.
Немаат одговор што со 600 ДУПови за чија промена се потребни години.
За невладините најспорно е тоа што се продолжуваат постапките на урбанистички планови кои почнале по стариот закон сменет во 2020 година. Од Транспорт образложија дека со овие решенија 600-тини урбанистички планови се заглавени, но за невладиниот ова образложение не држи без да дадат соодтветна анализа.
„Она што министерството за транспорт, односно оваа Влада сака е овие несоодветни планови да си продолжат да се изработуваат според стари неважечки закони и правилници до недоглед и да се донесат со неточни параметри, врз чија основа утре ќе се гради, не земајќи ја предвид сегашната изменета состојба“, реагираа пред два дена од „О2 Иницијатива“.
Невладините на комисијата во собранието во расправата користеле аргумент што ќе ни се градинки кога немаме деца што и за дел од нивните активисти е смешно затоа што и самите признаваат дека граѓаните потешко ќе се решат да имаат деца ако нема градинки за нив.
Некои активисти кои сега воочуваат дека е направена грешна проценка и дека само заради стариот страв од урбаната мафија сега практично се противат на општо добро велат дека како граѓански организации тие имаат обврска да се бунат а на владата, собранието и претседателката Силјановска Давкова со огромниот изборен легитимитет што го имаат останува да решат што е најдобро за граѓаните и за тоа да добијат награда или критика од јавноста.
Признаваат дека сега не можат одеднаш да се повлечат затоа што отишле предалеку со нападите врз законот кој објективно ќе реши многу проблеми за граѓаните.
Дополнително признаваат дека во нивните соседтва каде што живеат има сериозни проблеми со паркинг простор, градинки, училишта и здравствени услуги.
Според законските измени министерот Николовски нема да може да влијае на приватни или бизнис објекти туку само за објекти од јавен интерес на кои граѓаните некаде чекаат со децении.
Во исто време вицепремиерот Николовски ќе може лесно да се справи со урбаната мафија која во содејство со локални власти во некои општини го кршат законот и прават објекти од интерес само на поединци кои заработуваат десетици милиони евра.
Р.Е.






