„Бујар Бајрами, техничкиот секретар на Алијансата за Албанците – фракцијата со која раководи Зијадин Села, вели дека Арбен Таравари продолжува со истата песна, како што посочува, именувајќи директори од кадрите на ВМРО ДПМНЕ во градовите со албанско мнозинство. Бајрами вели дека Таравари, со цел да победи во Гостивар, му ги ‘продава’ Кичево и Струга на ВМРО ДПМНЕ.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“ во својата информација со наслов „Бајрами: Таравари подготвува терен да му ги прости Кичево и Струга на ВМРО ДПМНЕ“.
„Инфошќип“ ја пренесува оваа објава на фејсбук на Бујар Бајрами, која содржи јасни елементи на шовинизам во однос на македонскиот народ: „Таравари продолжува со истата песна. Меѓу другото, тој именува како директори кадри од ВМРО ДПМНЕ во градовите со мнозинско албанско население:
– Општа болница во Кичево – Маја Цветановска Трајковска,
– Општа болница Струга – Владимир Бунчевски.“
„Ова е најава дека двојката Таравари-ВМРО ДПМНЕ продолжува со плановите за натамошното засилување на ВМРО на локалните избори: за да го добие Гостивар, Таравари ќе му ги „продаде“ Кичево и Струга на ВМРО ДПМНЕ.“





