Михаела Шифрин победи во велеслаломот во Куршевал откако имаше одлично прво и многу пристојно второ возење по кое со огромна разлика (99 стотинки) зад себе ги остави. Французинката Теса Ворли и Италијанката Мануела Мелг. За Шифрин ова е прва победа во оваа дисциплина, но трета сезонава по што Американката поведе во вкупното бодување, и во велеслалом и во генералниот поредок, во двата случаја пред денеска слабата Германка Викторија Ребензбург.




