Хрватска и Франција се првите полуфиналисти на 29. Светско првенство за ракометари благодарејќи на головите постигнати во последните секунди од своите четвртфинални дуели.



Соорганизаторот Хрватска се врати од минус четири (26:30) пет минути пред крајот против Унгарија, за лудиот камбек да го заокружи Марин Шипиќ во претпоследната секунда за ерупција од одушевување на 15.600 гледачи во арената „Загреб“.

Лука Карабатиќ, пак, беше херојот на светскиот вицешампион во триумфот од 34:33 над Египет, кој израмни четири секунди пред крајот, но братот на легендарниот Никола Карабатиќ потоа погоди од центар, искористувајќи го празниот египетски гол.

„Коцкестите“ и „триколорите“ на тој начин го оформија првиот полуфинален дуел в четврток од 20:30 часот во Загреб.

Утре ќе се одиграат и преостанатите четвртфинални средби Данска – Бразил од 17:30 ч. и Португалија – Германија од 20:30 ч.

Драматичниот финиш и хрватската еуфорија: