Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски твдри дека службеничката од Управата за матична книги која наместо венчаница му издала умреница на неговиот син и снаа шумарско, имала завршено средно шумарско, пренесува Фокус.
„Била шивачка, а претходно работела како касиерка. Во 2018 добила диплома за средно шумарско. Претходно имала само три години средно. Што бара во администрацијата со такво школо. Човек со работни навики ваков пропуст не може да направи“, вели Јакимовски.
Синот на Јакимовски дознал дека добил умреница дури откако отишол кај преведувач за да го верификува меѓународно документот.
Јакимовски претпоставува дека грешката била ненамерна но дека тоа е резултат на неодговорност и неселективност при вработување кадри во администрацијата…





