Шеќеринска: Со Косово ќе потпишеме план за соработка за НАТО

„Нашата цел е да се интегрираме во НАТО. Во однос на регионалната соработка, ние сме заинтересирани да ја унапредуваме соработката со земјите кои се дел од НАТО и оние кои се стремат. Убеден сум дека соработката што ја имаме ќе се зајакне уште повеќе“.



Министерот за безбедносни сили на Косово, Рустем Бериша, ја даде оваа изјава за време на вчерашната средба со министерката за одбрана на Македонија, Радмила Шеќеринска.

Од своја страна, Шеќеринска рече дека двете влади се посветени на подобри односи.

„Очекувам двете земји да потпишат план за соработка во 2018 година. За новата влада на Македонија пристапот во НАТО е врвен приоритет. Што се однесува до интеграцијата на Косово во НАТО, ја поддржуваме позицијата на меѓународната заедница“, рече Шекеринска.