Шешељ: Праљак го внел отровот „врзан“ за гениталиите

Можел да го внесе отровот само ако го врзе шишето за гениталиите, вели Војислав Шешељ на Фејсбук одговарајќи на „научно-експертската  расправа“ околу тоа како хашкиот обвинет Слободан Праљак денес успеал да прошверцува шишенце со отров кој го испи во судницата непосредно откако му беше изречена пресуда затвор во траење од 20 години.



Тој вели дека темелно ве претресуваат во затворот.

Но, Воислав Шешељ,  кој и самиот беше притворен во Хаг цели 12 години,  вели дека само тој дел од телото не подлежи на ригорозна контрола.