Универзитетот Аристотелис од Солун објави дека шефот на Европската Комисија, Луксембуржанинот Жан Клод Јункер ќе стане нивни почесен доктор.
Церемонијата на доделување на титулата почесен доктор на еден од најстарите и највлијателни грчки универзитети ќе се случи наредниот понеделник на 17 јули кога се очекува претседателот на европската влада да го посети Солун.
Јункер кој важи за еден од луѓето кои што во рамки на ЕУ одлучуваат за приемот на нови членки или за отпочнување на преговорите за членство важи за еден од најконтроверзните европски политичари кој предходно над 20 години ја водеше владата на кнежеството Луксембург.
Според грчките аналитичари нема опасност доделувањето на докторската титула на Јункер да се оцени како конфликт на интереси, затоа што додека не се реши спорот за името а тој е шеф на ЕК, земјава нема ни теоретски шанси да отвори ниту едно поглавје во преговорите.
За разлика од Јункер за кого сеуште нема никакви обвинувања за преблиски односи со Грција, португалецот Мануел Баросо пред 5 години беше остро критикуван дека по Егејот се вози во јахта на грчки бизнисмен во моменттите кога тогашните премиери Груевски и Папандреу за нецела година дена се сретнаа дури 7 пати во обид да ги приближат ставовите.
Баросо тогаш ниту еднаш не му префрли на Папандреу што отфрлал сериозни разговори за името кое што со години е единствена пречка за почеток на преговори на Македонија со ЕУ.
Читај






