Пет од нив се од Србија (3 од КБЦ Ниш и 2 од ВМА Белград) и еден од Италија, информираше денеска Министерството за здравство.
Тие ќе бидат примени во здравствени установи од кои биле испратени и согласно повредите.
Кај останатите пациенти во странство кај дел од нив има подобрување, а неколкумина се уште се интубирани и во потешка здравствена состојба.
Во здравствените установи во државава остануваат 16 пациенти во добра општа состојба.






