На 18. јуни 2011. година, пејачката Ејми Вајнхаус го имаше последниот настап. Фијаското што се случи пред белградската публика беше пренесено на сите светски медиуми. Странските пишуваа дека Ејми била толку пијана што одбила да излезе на сцената и да настапи.



На 23. јули истата година, значи пред токму шест, се случи уште еден тажен момент во историјата на музиката. Почина британската пејачка и текстописец Еми Вајнхаус. Таа беше пронајдена мртва во својот дом во Лондон, а како што потврдија и нејзините менаџери, пејачката починала од предозираност со дрога.
На свои десет години прв пат се предозирала откако дознала дека нејзиниот татко има афера, Ејми земала мешавина на таблети, тешко се прилагодувала во општеството и од училиште била исфрлена поради обетката на носот. Пејачката сакаше да го украсува своето тело со се и сешто, па имаше тетоважа дури и на нејзината баба. Ејми беше искомплексирана дека е исклучително грда и се обидуваше да го привлече вниманието со употреба на дрога и пиење. А имаше глас….

Ејми се омажила во 2007. година со Блејк Филдер со кого имала бурен брак. Таа во една пригода призна дека често го тепа својот сопруг. Нивните родители беа против врската, бидејќи тие биле склони кон самоубиство и зависности. Модерните “Сид и Ненси” како што ги нарекуваа го завршија својот брак во 2009. година.

Ејми Вајнхаус се здоби со меѓународен успех со песните  “You Know I’m No Good” и “Rehab”, и со албумот “Back to Black” кој е најпродаваниот албум на векот во Велика Британија. Ејми има освоено пет Греми награди.