Шаќири до „докторите за лажење и крадење“ од „Недемократската унија за дезинтеграција“: дали избега Дрин Ахмети од РМ и правдата?!

„Пратеникот во Собранието од коалицијата Вреди Ријад Шаќири иронизираше со ДУИ преку објава на фејсбук, нарекувајќи ги доктори за лажење и крадење.“објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА, пренесувајќи ја неговата објава на фејсбук.



На својот профил на општествената мрежа Ријад Шаќири напиша: Арбер Адеми се појавува секогаш кога треба да се излаже нешто. Му порачуваме да појде кај Али Ахмети и да праша: зошто тој реши да го бојкотира вториот круг од претседателските избори, наспроти неговите ветувања пред меѓународниот чинител? Зошто им кажавте такво нешто на вашите сојузници, а вашите емисари во ВМРО-ДПМНЕ го рекоа сосема спротивното?

Дали е точно дека во име на ДУИ им понудивте на ВМРО ДПМНЕ да влезете во влада наместо коалицијата Вреди само со четворица министри, без претседател на Собранието, но им понудивте да работите за локалните избори во Кичево и Струга да има градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ?

Еве и уште едно бонус прашање: дали и кога Дрин Ахмети ја напушти државата, за да се обиде да избегне соочување со правдата? Толку е доста е за почеток, ајде Арбер, охрабри се!