„Националната демократска партија (НДП), чиј единствен пратеник во Собранието бев во 2002, 2006 година, во својата програма ја имаше федерализацијата на Македонија, која сега Али Ахмети ја бара како опозиција. Кога беше на власт ја нападна и ја уништи Националната демократска партија, со цел да исчезне идејата за федерализација на Македонија, а сега кога е во опозиција плаќа меѓународен експерт да ја оживее истата идеја!“ – нагласува на својот фејсбук-профил Џезаир Шаќири, самопрогласениот „Командант Хоџа на УЧК“ од 2001 година.
Покрај другото, во објавата Шаќири пишува: Во тоа време Ахмети во тајност и лукаво, какви што му се навиките, се среќаваше со секој член на НДП, од претседателот на НДП Кастриот Хаџиреџа до секретарот Џеват Адеми, Фадил Бајрами, Тахир Хани и со други, за да им понуди на секој од нив позиции, со цел да ја растури НДП, тие да се зачленат во ДУИ и така да исчезне идејата за федерализација на Македонија.
Ахмети имаше издадено категорична наредба само да не ги дознае Командант Хоџа околностите на таквите разговори. Во еден момент и разбрав дека мнозинството од НДП постигнале договор со Али Ахмети. А сега Али Ахмети од опозиција плаќа меѓународен експерт да ја оживее истата идеја за федерализација на Македонија.





