Колумбиската пејачка која веќе има откажано четири настапи, беше принудена да ја одложи целата своја европска турнеја до следната година, поради проблеми со гласните жици, објави организаторот на турнејата.
“По налог на докторите светската турнеја на Шакира наречена „Ел Дорадо“ во Европа се одложува за 2018 година. По проблемите со гласните жици, Шакира мора да го одложи секој настап, за да биде правилно третирана пред да ја продолжи со што ќе се спречат дополнителни компликаци“, се вели во соопштението.

Организаторот наскоро ќе објави конкретни предлози за нови датуми и други опции за турнејата.
Турнејата требаше да започне на 8 ноември во Келн, за да продолжи во Париз на 10 и 11 ноември, во четвртокот требаше да биде во Монпеље, а потоа да продолжи на 28 ноември во Лион и 1 декември во Цирих. Северно-американскиот дел од концертите на Шакира закажани за периодот меѓу 9 јануари и 10 февруари следната година, засега не се одложени.




