Стефан Чолаковски е јунакот на Перт глори, кому му донесе триумф од 3:2 во драматичниот натпревар со Бризбејн роар на домашен терен во 17. коло од австралиската фудбалска А-лига.
Синот на македонски иселеници роден пред 23 години во Мелбурн, кој има и два настапа за репрезентацијата на Македонија до 21 година, влезе во игра во 60. минута и погоди 18 минути подоцна, комплетирајќи го пресвртот по водството на гостите од 2:1.
За Чолаковски ова е шести првенствен погодок на 15 меча сезонава, на кои запиша и една асистенција.
Голот на македонскиот напаѓач е по 2:08 минути од почетокот на видеото:






