Членовите ги бојкотираат внатрепартиските избори во СДСМ?

Само околу 3.000 членови до сега се регистрирале да гласаат на внатрепартиските избори, пишува ТВ Сител, додека членството на партијата брои нешто околу 80.000 социјалдемократи. Телевизијата според брифингот кој го добиле од висок паритски пренесува дека членството е незадоволно од изборот на кандидати за наследник на Ковачевски, па шпекулациите во круговите на СДСМ се дека планиран е тивок бојкот на внатрепартиските избори.



Раководствата на општински организации оделе дотаму што ги убедувале членовите да не се регистрираат за гласање. Регистрирањето пак трае уште 5 дена, односно се затвора на 20 јуни.

Дека изборот на нов лидер на СДСМ пред сериозен предизвик, сведочат и апелите на социјалните мрежи за активна регистрација, а неофицијално на членството им биле испраќани пораки за да се стимулира нивна активна регистрација.

Почитувани членови на ОО СДСМ

Потсетуваме и замолуваме членовите кои сеуште не се пријавиле, да дојдете во просториите на општинската организација и да пополните и поднесете Пријава за активна регистрација за член за вонредните избори за Претседател на СДСМ.”

Извор: https://sitel.com.mk/tivok-bojkot-vo-sdsm?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR1-9fNLHmFbmt7nwEj9ASBzJYHR6QXLh62SUIRg9EWyDv9TnDMKfnXwtTE_aem_xIn9AkHNBzXptFn5IzUtpQ