Чичаковски, Дума и Милев дадоа оставка од ДИК

Претседателот на Државна изборна комисија, Александар Чичаковски, заедно со членовите Виолета Дума и Игор Милев, поднесоа оставка под притисок на јавноста, откако американскиот амбасадор Џес Бејли ја посочи ДИК за делење огромни бонуси.



Според непотврдени информации, всушност, сите членови на Комисијата, чии мандати се до 2020 година, потпишале оставки, кои треба да бидат испратени до Собранието, кое го избира составот на ДИК. Другите членови на ова тело за организација и спроведување избори во државава се потпретседателот Реџеп Прекопуца, како и Субхи Јакупи, Силвана Бонева, Сашо Срцев, Атанас Урумов и од 20 септември Ермира Асани Салија.