„Ние, како ДУИ сме пример за чистота!“ – изјави потпретседателот на оваа партија Арбер Адеми денес, кога ДУИ се собра во Речица, заради расправа за ветингот (проверката) и за реформите во партијата. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.
Порталот натаму наведува: Арбер Адеми од ДУИ истакна дека оваа партија била иницијатор за почеток на ветинг, како прва што го предложила Законот за ветинг за политичарите.
„Ги повикуваме сите други политички партии да го следат примерот на ДУИ, ние бевме поттикнувачи на сеопфатен процес на ветинг на политичката сцена во Република Македонија. Пред два мандата го предложивме законот за ветинг, на кој ќе се подложат сите политичари, кои мора да бидат предмет на ветинг, но и судии, обвинители. Побаравме целосен ветинг за сите политички партии.“ – посочи Адеми.





