Македонската млада фудбалска селекција, онаа до 21 година која не радуваше подолг период доживеа неочекувано фијаско во меч кај Гибралтар. Избраниците на Благоја Милевски се поразени со 1-0 во третиот натпревар во групата 7 од квалификациите за Европското првенство што веднаш ни ги уништува шансите за пласман на нова завршница.
Стрелец на единствениот погодок и тоа од единствениот шут кон нашиот гол беше Ториља во 62 минута. Ние пред и по тоа имавме игра, посед, шанси, но ништо не вредеше. Македонија по ова останува на претпоследното место во конкуренцијата со само 3 бода од три меча и сега со сериозен заостаток зад водечките.
Во останатите два меча денеска од групата 7 за ЕП, Србија ја победи Русија со 3-2, а Австрија беше убедлива кај Ерменија со 5-0.
https://youtu.be/z8yjkvPFGKY





